Faruk Zorlu
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на дози од вакцините против Ковид-19 во Турција надмина 110 милиони од започнувањето на кампањата за имунизација во јануари, покажуваат најновите официјални податоци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според турското Министерство за здравство, речиси 54 милиони луѓе примиле прва доза од вакцините, додека над 44,8 милиони се целосно вакцинирани.
Најмалку 86,9 отсто од возрасната популација во земјата примила барем една доза од вакцините кои се состојат од две дози.
Турција, исто така, аплицира и трета доза од вакцините на над 10 милиони луѓе.