Ali Murat Alhas
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
ТЕКИРДАГ (АА) - Пет припадници на терористичката организација ФЕТО, за кои во тек е судски процес, се фатени при обид да преминат во Грција по илегален пат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Обласните полициски сили во северозападната турска област Текирдаг добија дојава дека група припадници на ФЕТО планираат да избегаат во странство.
Осомничените за тероризам се фатени во автомобил, а со нив имале чамец на надувување, лопати и пумпа.
Подоцна е увидено дека за лицата се води судски процес, кој бил при крај, каде што им се суди за членување во терористичката ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на припадниците на организацијата во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.