Şenhan Bolelli
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека во последните 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, почина едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството ги ажурираше најновите бројки за Ковид-19 во земјата.
Министерството истакна дека податоците за Ковид-19 се ревидирани во последните 5 дена според нови критериуми, и наведе дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починало едно лице, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата е зголемена на 27.118.
Во Шпанија на 3 март беше објавен првиот смртен случај од Ковид-19, по што епидемијата се рашири брзо, за на 2 април бидат регистрирани 950 смртни случаи за едно деноноќие.
Во Шпанија, каде вонредната состојба е на сила од 14 март, изминатата недела од епидемијата починале 39 лица.
Од друга страна, се наведува дека во последните 24 часа регистрирани се нови 231 случаи на вирусот, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи е зголемена на 236.769.
Главниот град Мадрид (со 88 нови случаи) и Каталонија (со 54 нови случаи) и понатаму се автономните региони каде што е регистриран најголем број на случаи со Ковид-19.
Со одлука на Владата, од денес започнува 10-дневна жалост поради илјадниците кои починаа од вирусот Ковид-19.
Поради деновите на жалост, знамињата на Шпанија пред сите јавни институции беа спуштени на половина копје. Во Парламентот и општините во 12 часот по локално време со едноминутно молчење беше оддадена почест на починатите од коронавирусот.
„Шпанија плаче по илјадниците граѓани кои починаа во оваа епидемија. Многумина од нас исто така се борат да се ослободат од епидемијата. Треба да оддадеме почит, солидарност и љубов на сите овие луѓе и нивните семејства“, нагласи шпанскиот крал Фелипе VI.