Ahmet Furkan Mercan
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ТОКИО (АА) - Во Јапонија, Владата на Шинзо Абе ја укина препораката за патувањата помеѓу главниот град Токио и областите во околината, воведена како мерка против новиот вид коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како резултат на постепено укинување на вонредната состојба воведена во април, во Јапонија продолжува враќањето на социо-економскиот живот во нормала.
Како последно, исто така беше укината и одлуката да се избегнат патувања помеѓу околните префектури, вклучително и метрополата Токио и островот Хокаидо, кој се наоѓа на северот на земјата.
Во овој контекст, патувањата од Токио и околните префектури Чиба, Канагава, Саитама до Хокаидо ќе може да се спроведуваат.
Новинската агенција „Кјодо“ објави дека има голем сообраќај поради тоа што патниците веднаш по одлуката дошле на железничките станици и аеродромите.
Вонредната состојба во Јапонија најпрвин беше воведена во 7 региони на почетокот на април, а на 16 април беше проширена низ целата земја.