Riyaz Khaliq
16 Април 2020•Ажурирај: 16 Април 2020
ТОКИО
Владата на Јапонија денеска одлучи да прогласи вонредна состојба во целата земја поради пандемијата на Ковид-19, известуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Еден од владините претставници за „Кјодо њуз“ (Kyodo News) изјави дека премиерот Шинзо Абе се обидува да ја прошири вонредната состојба на целата земја за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Владата на Јапонија, на 7 април воведе вонредна состојба во седум покраини, покрај главниот град Токио.