Erbil Başay
05 Април 2021•Ажурирај: 06 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Бројот на починати од Ковид-19 во Германија надмина 77.000, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот „Роберт Кох“ (RKI) се наведува дека во последните 24 часа се забележани 8.497 нови случаи на коронавирусот.
Со тоа вкупниот број на заразени во државата е зголемен на 2.893.883.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 50 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 77.013.
Бројот на лица што оздравеа од Ковид-19 во Германија достигна 2.581.500.
Германската канцеларка Ангела Меркел и сојузните премиери, на состанокот на 22 март, ги продолжија до 18 април ограничувањата што важеа до 28 март, првенствено поради порастот на бројот на заразени со мутираните облици на коронавирусот, што се појавија и во Германија.