Emre Aytekin
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Според последните информации поврзани со пандемијата на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот од оваа болест се излекувале над 440.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет страницата „Worldometer“ врши постојано ажурирање на податоците поврзани со новите случаи на Ковид-19 во земјите од светот. Според последните податоци, во светот досега од Ковид-19 се излекувале 440.273 лица.
Најголем број на излекувани лица има во Кина, каде од оваа болест се излекувале 77.663 пациенти.
По Кина втора земја во која има најголем број излекувани од новиот тип на коронавирусот е Шпанија со 64.727. Следат Германија со 64.300, Иран со 45.983, Италија 35.435, САД со 33.907 и Франција со 27.718.
Според последните информации, во светот новиот тип на коронавирусот е детектиран кај 1.906.892 лица. Од последици предизвикани од Ковид-19 во светот починаа 118.490 лица, а сѐ уште од заразеност од новиот тип на коронавирусот се лекуваат 1.348.129 пациенти.