Ekip
13 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
ЖЕНЕВА
Мерките за сузбивање на ширењето на Ковид-19 можат да се суспендираат постепено само доколку се применат вистински мерки на јавното здравство, вклучувајќи ги притоа знајаните капацитети за следење на заразата, изјави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Додека Ковид-19 се шири многу брзо, се успорува многу поспоро“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан во Женева.
САД и некои земји во Европа започнаа да размислуваат за ублажување на некои од мерките за сузбивање на ширењето на Ковид-19, а СЗО предупредува дека е важно внимателно да се прават планови.
„Тоа значи дека мерките мора да се укинат полека и со контрола. Тоа не може да се стори одеднаш“, изјави Тедрос.
Тој повтори дека физичките ограничувања се само еден дел од целиот процес, и додаде дека се потребни и многу други основни здравствени мерки.
„Секоја влада мора да ја процени својата ситуација, штитејќи ги своите граѓани, а посебно најзагрозените“, изјави Тедрос.
Тој истакна дека додека некои земји размислуваат за ублажување на ограничувањето, други размислуваат за тоа дали ќе ги воведат, посебно многу земји во Африка, Азија и Латинска Америка.
„За земјите со мнозинско сиромашно население, наредбите за престој дома и други ограничувања кои се користат во некои развиени земји можеби не се практични“, изјави Тедрос.