Davut Demircan
10 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ЕРУСАЛИМ
Европската Унија синоќа најави пакет со финансиска помош за Палестина во износ од 71 милион евра во борбата против ширењето на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ЕУ се наведува дека ветувањето е дадено вчера за време на состанокот меѓу нејзиниот претставник во Ерусалим, Сфен Кун фон Бургсдорф, и палестинскиот премиер Мохамад Штајех.
Пакетот со помош меѓу останатото вклучува десет милиони евра за шест болници во Источен Ерусалим, 40 милиони евра за службениците на Палестинската управа и шест милиони евра за палестинските компании.
Пет милиони евра се доделени за помош на локалните заедници, а околу седум милиони евра се наменети за невладините организации кои работат на тоа подрачје.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот во Европа.
Во светот се регистрирани над 1,6 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 95.000. Речиси 354.000 пациенти се излекувани.