Berk Özkan
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган испрати писмо до Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија, земја до која Турција испрати помош во медицинска опрема, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Одделот за комуникации при при турското Претседателство.
„Почитуван премиер, мој ценет пријател,
Пред се сакам да ги повторам моите најискрени желби за вашето закрепнување и завршување на процесот на лекување.
Знам дека Велика Британија која е важен стратешки партнер за нашата земја, силен сојузник и ценета пријателска земја, за жал е една од најмногу погодените европски земји од пандемијата на Ковид-19, која го погоди целиот свет. Во овој тежок период, во име на мојот народ и мојата земја упатувам сочувство до целиот народ на Велика Британија, пред се до семејствата и блиските на починатите лица.
Со внимателност ги следиме мерките кои властите на Велика Британија ги презедоа против пандемијата на Ковид-19. Во овие рамки, посакувам големи успеси за сите што вложуваат напор во овој период со предизвици, пред се на членовите на вашата Влада и вработените на Националниот здравствен систем. Посакувам народот на пријателската Велика Британија од оваа трагедија да излезе со најмали загуби.
Со Велика Британија имаме одлични односи речиси во секоја област, и оваа земја е еден од неопходните партнери на Турција. Велика Британија повеќе пати преку различни поводи ја изразила својата солидарност со нашата земја. Најновиот израз на тоа се официјалните посети на Турција на вашиот министер за надворешни работи Доминик Раб реализирана на 3 март 2020 година, и на вашиот министер за одбрана Бен Валс и вашиот претставник за трговија со Турција, Лорд Робин Џанврин релаизирана на 12 и 13 март.
Исто така, со цел да ја покажеме нашата солидарност до сојузникот и пријателската земја Велика Британија која поминува низ тешки денови, и ние денес го обезбедуваме транспортот на помошта со медицински материјали до вашата земја преку авионот при нашите Воздухопловни сили.
Уште еднаш ви посакувам брзо заздравување од оваа пандемија. Откако ќе го оставиме зад нас овој период со предизвици којшто го доживуваме на глобално ниво, сакам да нагласам дека посакуваме да ве пречекаме во нашата земја, која е и земја на вашите предци, на начин да ја крунисаме искрената и интензивната комуникација која ја одржуваме од денот од кога го презедовте мандатот и да одлучиме за чекорите кои ќе ги преземаме со цел унапредување на нашата билатерална соработка во периодот по Брегзит“, се наведува во писмото на Ердоган до Џонсон.