Halil İbrahim Başer
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Во текот на вечерашниот телефонски разговор на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Барак Обама двајвата лидери разговарале за последните случувања во Сирија и борбата против тероризмот како и за постоечката и идната соработка помеѓу САД и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама во текот на разговорот ги осудите нападите во Анкара и на патот помеѓу турските градови Дијарбакир и Бингол и изрази сочуство на жртвите и посака брзо закрепнување на ранетите жртви.
Според наводите на на Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган го информираше американскиот претседател за нападите и ја нагласи важноста на солидарноста на сојузниците во борбата против тероризмот.
Обама изрази заагриженост во врска со напредокот на сирискиот режим и ЈПГ во последно време на северозападот на Сирија. Повика на итно запирање на активностите кои предизвикуваат тензии помеѓу Турција и умерената сириска опозиција во регионот, а кои, како што рече, нанесуваат штета на заедничата борба против ДАЕШ.
Обама додаде дека САД, како сојузник на НАТО, иразува категорична решителност во врска со поддршката на националната безбедност на Турција, нагласувајќи го легитимното право на Турција на одбрана.
Ердоган и Обама исто така изразија поддршка на договорот кој е постигнат во Минхен во врска со запирање на судирите во Сирија.
Двајцата лидери ја повикаа Русија и режимот на Башар ал-Асад на итно запирање на провокативните активности како што се воздушните нпади на силите на умерената опозиција во Сирија.
Ердоган рече дека ќе ја интензивира соработката во борбата против сите терористички организации вклучувајќи ја и ПКК. Двајцата лидери порачаа дека нивната заедничка цел е борбата против ДАЕШ.