Mahmut Atanur
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ЏАКАРТА
Индонезија ја доби првата пратка вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) од Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо, истакна дека реализирана е првата пратка на вакцината под името „КоронаВак“ од кинеската фирма „Синовак Бајотек“ (Sinovac Biotech), која опфаќа 1,2 милиони дози.
Истакнувајќи дека планираат да купат уште 1,8 милиони дози до почетокот на следниот месец, Видодо не кажа датум кога ќе почне процесот на вакцинација.
Индонезија, со кинеската фирма „Синовак Бајотек“ се договори за набавка на 30 милиони дози вакцини до крајот на годината. Исто така, Индонезија склучила договор за 100 милиони дози за потенцијалната вакцина против Ковид-19, развиена од британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca).
Министерот за здравство, Агус Путранто, минатата недела истакна дека потенцијалните вакцини од фирмите, „ПТ Био фарма“, „АстраЗенека“, „Модерна“, „Фајзер“, „БајоНтек“, „Синофарм“ и „Синовак“ се едни од можните вакцини против Ковид-19 што ќе бидат употребувани во земјата.
Од друга страна, Индонезија на 11 август ги започна клиничките студии од третата етапа на потенцијалната вакцина против Ковид-19 што припаѓа на фирмата „Синовак“, со приближно две илјади волонтери.
Досега во земјата со Ковид-19 заразени се 575.796 лица, а починаа вкупно 17.740 лица. Во земјата од коронавирусот оздравеа 474.771 лице.