Kasım İleri
07 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
ВАШИНГТОН
Во Њујорк се одржани протести поради воведување на рестриктивните мерки во борбата против пандемијата од коронавирусот (Ковид-19), а еден од демонстрантите физички го нападна камерманот на Агенција Анадолија (АА), Вурал Елибол.
Од пандемијата на Ковид-19, најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 15.159.529 заразени и 288.906 починати.
Ширум САД се одржуваат масовни протести поради воведувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, а синоќа такви протести се одржани во Њујорк.
Протестите се карактеристични по честите напади на претставниците на медиумските куќи, а мета на вандалскиот физички напад беше и камерманот на АА, Елибол.
Демонтрантот го нападна камерманот, му ја одзеде новинарската легитимација и му ја искина.
Елибол повикал полиција, а неколкумина луѓе се обидувале да го спречат демонстрантот во нападот на камерманот.
Полицијата кратко го привела напаѓачот, но тој е пуштен на слобода веднаш штом дал изјава.