Havva Kara Aydın
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Турските безбедносни сили неутрализираа 11 терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани во воздушна операција во регионите Зап и Хафтанин", соопшти Министерството на социјалната мрежа Твитер и сподели снимка од акцијата.
Во соопштението се додава дека антитерористичките операции продолжија без никаков прекин.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак, преку границата со Турција и планираат напади врз Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.