Mustafa Melih Ahıshalı
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ИСТАНБУЛ (AA) - Деведесетгодишна жена во иранскиот град Кому, епицентарот на коронавирусот во таа земја, излекувана е од коронавирусот (Ковид-19) и пуштен е од болница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пред 11 денови во болницата Фуркани во градот Кому примена е 90-годишна жена кај која е потврдена зараза со коронавирус, а денес е пуштена од болница и се чувствува добро, јави иранската државна телевизија.
Претходно во Иран е објавено дека од коронавирус е излечена уште едно 91-годишно лице.
Првиот случај на заразување со коронавирусот во Иран е забележан на 19 февруари во крадот Кому, а потоа се прошири на речиси сите градови во земјата. Моментално во Иран од коронавирусот починаа повеќе од 2.000 луѓе, заразени се повеќе од 30.000.