Sefa Mutlu
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека сите земји треба да водат заедничка борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган тоа го напиша во една објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
„Поминуваме низ период со болки каде пандемијата на коронавирусот негативно влијае врз човечкиот живот и економската стабилност. Сите земји треба да водат заедничка борба против оваа глобална здравствена криза, се додека целото човештво ќе биде во спокојство“, нагласи Ердоган.
Инаку, турскиот претседател на Твитер ја објави и видео снимката од неговото обраќање на Воредниот самит на лидерите на Г20.