Fatjon Cuka
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија почина уште едно лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се искачи на 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се вели дека вечерва почина 85-годишна пациентка во главниот град на земјата, Тирана.
„И покрај неколкучасовните напори на здравствениот персонал, таа не успеа да преживее. Таа беше заболена од неколку хронични болести, и беше позитивна на Ковид-19 во Инфективната болница. 85-годишната пациентка е седмата жртва на Ковид-19 во Албанија“, се наведува во соопштението.
Од друга страна, во земјата се откриени 174 случаи на коронавирус, меѓу кои и седум починати, и 17 излекувани лица.