Tufan Aktaş
30 Април 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
ИСТАНБУЛ
Директорот за здравствена политика и дипломатија при Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC), Бенџамин Џадалбае, изјави дека овој континент бил подготвен за нов вид на Ковид-19, со оглед на тоа што само минатата година имале 105 различни епидемии, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што изјави тој, африканските земји имаат искуство во следење на болеста и механизмот на брз скрининг.
Напоменувајќи дека континентот има помалку случаи на заразување со Ковид-19 отколку во другите региони, Џадалбае изјави дека во Африка минатата година имало 105 епидемии, вклучувајќи ја и еболата.
Смета дека го виделе ефектот од градскиот карантин и полициски час, но дека немаат предвидувања за тоа како вирусот ќе се шири во наредните недели.
Џадалбае изјави дека бројот на случаи на континентот се зголемил за 37 отсто во последните седум дена и дека сега изнесува 36.800.
Тој се осврна и на некои тврдења дека се сокрива бројот на заразени и починати од последиците на Ковид-19, порачувајќи дека тоа не е возможно. Во Африка досега починаа 1.589 лица.