ИСТАНБУЛ
Истанбул кој е главен град во борбата против новиот вид на коронавирус (Ковди-19) со ефективниот број на кревети, капацитетот на интензивна нега, со модерно опремените болници, и со искусниот здравствен персонал од сите нивоа, со својот успех против Ковид-19 го сврте вниманието на целиот свет.
Вирусот Ковид -19 кој за прв пат се појави во градот Вухан, во Кина, во декември 2019 година брзо се рашири низ целиот свет и доведе до колапс на здравствените системи во многу земји. Благодарение на мерките што се преземени во рана фаза во Турција коронавирусот беше регистриран за прв пат на 11 март.
Мерките на претпазливост и подготовките засновани врз историјата на епидемијата, преземени пред овој датум, беше најважниот столб во борбата против пандемијата.
Во овој контекст, Истанбул, градот со најголем број на случаи Ковид-19 во земјата, всушност стана една од градовите кој е симбол на борбата против Ковид-19.
Национална стратегија развиена против пандемијата во Турција, под раководството на претседателот, Реџеп Таип Ердоган, а во координација на министерот за здравство, Фахретин Коџа, заедно со здравствените работници од сите нивоа продолжува и понатаму.
Во овој контекст, Истанбул со ефективниот број на кревети, капацитетот на интензивна нега, со модерно опремените болници и со искусниот здравствен персонал на сите нивоа, стана симболичен град со својот успех против Ковид-19 и го сврте вниманието на целиот свет.
„Турција ќе има подобра иднина во областа на здравството“
Директорот на здравство на Истанбул, Д-р. Кемал Мемишоглу, во интервјуто за Агенција Анадолија (АА) се осврна на борбата против Ковид-19, во Истанбул.
Мемишоглу истакна дека сакаат Истанбул да биде главен град на светот во областа на здравството во 2023 година.
„Мислам дека епидемијата Ковид-19 е тест која покажа колку се силни здравствените системи на земјите. Ние во овој момент успешно и на најдобар начин се справуваме со тестот. На овој успех и претходеше долг процес. Турција, основаше добра инфраструктура во здравствениот систем. Најдоброто тестирање на системот се случи сега во време на епидемијата.“
Наведувајќи дека процесот покажал колку народот на Турција, особено здравствените работници се посветени на тоа прашање, Мемишоглу рече:
„Благодарен сум на сите здравствени работници. Не само како директор, туку како член на турското општество. Мислам дека после оваа епидемија ќе бидеме многу подобри. Бидејќи оваа состојба покажа колку здравствениот систем е моќен, а со тоа ни се зголеми и нашата самодоверба.“
- „Пред да дојде вирусот имаше план како ќе се води процесот“
Мемишоглу објасни дека тие започнале да управуваат со овој процес многу лесно, од самата појава на регистрирање на првиот случај.
„Нашите физички инфраструктури беа подготвени и имавме доволно човечки капацитет. Всушност, пред да дојде вирусот имаше план како ќе се води процесот. Ова ни даде голема предност“, рече Мемишоглу.
Покрај тоа, Мемишоглу потсети дека претседателот Ердоган наложил да се изградат повеќенаменси болници за итни случаи, од кои едната е во Санџактепе а другата на кампусот на стариот аеродром „Ататурк“.
„Таму се прават чуда. Овие болници ќе завршат за 45 дена. Тоа е доказ колку Турција, оддава внимание на здравствената инфраструктура и здравјето на луѓето. За нас најважни се луѓето. Особено нашиот почитуван претседател и министерството ни даваат поддршка. Во правец на неговите инструкции, цел свет виде колку е моќен здравствениот систем на Турција, и колку несебично се работи за да се обезбеди најдобрата услуга. Се надевам дека овие болница во најскоро време ќе бидат во служба на нашите граѓани“, нагласи Мемишоглу.
- „Некои болници ќе се вратат во нормала по 1 јуни“
Директорот за здравство на Истанбул, Ќемал Мемишоглу, информираше дека процесот на нормализација почнал за се планира.
„По 1 јуни, некои од нашите болници ќе се вратат во нормала. На оваа тема би сакал да им укажам до јавноста дека ако знаевме добро да управуваме со појавата на вирусот, и ако успешно го водиме процесот, ќе можеме и успешно да се вратиме во нормала. Епидемиите што ги нарекуваме пандемии, не се работи со кои ќе управуваат само здравствените работници", смета Мемишоглу.
Во оваа борба, според Мемишоглу, целото општество треба да биде партнер и се уште треба да продолжи изолацијата и да се одржува социјалната дистанца.
„Треба да го одржуваме социјалното растојание. Пандемијата не е целосно завршена. Затоа овој процес ќе го живееме заедно со општеството. Продолжуваме со рутинско лекување на нашите пациенти од итни случаи и карцином. Заедно со пандемијата даваме услуги и на сите кои имаат потреба од итен третман“, истакна Мемишоглу.
Мемишоглу рече дека некои од болниците обезбедуваат услуги само за пандемијата, додавајќи дека другите даваат услуги за граѓаните кои се болни од други болести.
„Го решивме потешкото, сега не треба да имаме проблеми во лесните работи. Во моментот, турското општество и ние успеавме. Сега треба да успееме и со лесното. Затоа општеството не треба да се олабави. Особено до крајот на Бајрам треба да останеме дома. Очекувам луѓето да бидат почувствителни во однос на тоа прашање. Оваа работа не е завршена. Кога ќе заврши Научниот совет, ќе ги каже мерките за враќање на нормала. Маската, изолацијата и социјалното растојание, ќе останат колку што ќе биде потребно.“
- Екипите за скрининг: Херои на терен
Осврнувајќи се на процесот на скрининг на лицата кои биле во контакт со заразената болест, Мемишоглу рече: „Очекуваме општеството да продолжи со изолацијата за возврат за овој голем труд на оваа тема.“
Мемишоглу наведе дека скринингот покажувал колку е социјален еден здравствен систем, истакнувајќи дека таа услуга била потполно бесплатна. Како што рече, сите услуги ,вклучително и лековите, биле бесплатни за време на пандемијата.
„Кога започнавме во екипата за скрининг имавме околу 150-200 лица. Екипата беше составена само од лекари. Потоа таа задача беше дадена на стоматолозите. И верувајте дека стоматолозите работата ја завршија со голема посветеност. Во екипата имаме матични доктори, општи лекари и стоматолози. Во Истанбул имаме 1.200 екипи. Тоа значи 3.600 лица, затоа што една екипа се состои од тројца. Тие во моментот работата на терен, и се една од најважните фактори за не ширењето на вирусот. И почитуваниот министер го истакнува тоа. Се постигна голем успех“, истакна Мемишоглу.
Информирајќи за начинот на функционира нање системот на скрининг, Мемишоглу објасни дека е развиен софтвер од страна на Министерството за здравство, особено со придонесите на заменик - министерот за здравство, Шуајип Биринџи.
Како што рече тој ,откако резултатите ќе покажат дека лицето е позитивно на Ковид-19, неговите податоци се ставаат во систем, и се бараат лицата со кои контактирал тоа лице.
„Во моментов технолошки најразвиената земја во светот, САД од нас сака да научи како тоа се прави. Горди сме на тоа. Тоа навистина покажува колку е ефикасен и добар здравствениот систем во Турција. Мислам дека ова се должи на нашиот голем развој во последните 17 години.“
Мемишоглу, потсетувајќи на достигнувања на Турција во областа на здравствената технологија рече:
„Исто како што сме успешни во одбранбената индустрија, за време на пандемијата се покажа дека можеме лесно да бидеме успешни и во производството на здравствената технологија. Особено за производство на респираторниот уред. Се виде дека имаме соодветни инженери и технички персонал. Всушност, ова треба да се прифати како пресврт во производството на здравствената технологија", смета Мемишоглу.
„Треба да продолжиме со тоа, покажавме дека може да инвестираме во здравствената технологијата. Затоа Турција, прескокна една огромна брана во производството на медицинска опрема и фармацевтската индустрија. Само треба да работиме заеднички. Мислам дека сега целта на Турција треба да биде во пронаоѓање на иновативни уреди. Општеството кое има добра здравствена инфраструктура, во исто време треба да преставува пример во светот со технолошката инфраструктура“, додаде тој.
Директорот за здравство на Истанбул, Кемал Мемишоглу упати благодарност до здравствените работници кои со голема пожртвуваност и посветеност се бореа против епидемијата
„Сите институции во Турција се здружија. На чело на нашиот гувернер, сите институции во Истанбул дадоа голема поддршка. Всушност покажаа како државата се соедини и покажа дека е моќна. Искрено им се заблагодарувам“, рече Мемишоглу.
news_share_descriptionsubscription_contact
