Barış Seçkin
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 525 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 22.170, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита Анџело Борели на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 106.607 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 168.941.
Тој нагласи дека денес се излекувани 2.702 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 40.164 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 525 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 22.170 лица.
Според него, денес се откриени 1.189 нови случаи со Ковид-19.
Тој рече дека 2.936 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Според податоците на Цивилната заштита, во земјата досега се извршени 1 милион 178 илјади и 403 тестирања за Ковид-19.