Islam Doğru
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 4.931 лице од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 30.990 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, секој ден се зголемува бројот на нови случаи и починати.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 30.048 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 639.733.
Во последните 24 часа починале уште 4.931 лице, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 30.990 лица.
Се истакнува дека овој ненадеен раст на откриени, како и на смртни случаи во земјата, е добиен поради тоа што Центарот за контролирање и спречување болести на САД веќе во овие бројки ги вклучува и бројките на можни откриени и смртни случаи со Ковид-19.
Центарот за контролирање и спречување болести на САД претходно во оваа бројка ги вклучуваше само лицата позитивни на Ковид-19 што биле тестирани во нивните лаборатории, како и во приватните лаборатории и лабораториите во сојузните држави, додека лицата чии клинички наоди укажувале на коронавирус не ги вклучувал во овие статистики.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 182.816 откриени случаи, Италија со 165.155 откриени случаи и Германија со 134.753 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 214.832 случаи и 14.073 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус.
Што се однесува до најголема бројка на откриени случаи, по Њујорк следуваат Њу Џерси со 71.030 случаи и Масачусетс со 29.918 случаи.
Во однос на бројот на починати, по Њујорк следуваат Њу Џерси со 3.156 починати, и Мичиген со 1.921 починат.
Во САД извршени се вкупно 3 милиони 262 илјади и 921 тестирање за Ковид-19, додека бројот на излекувани лица изнесува 52.739.
Во болниците низ САД се лекуваат 104.039 лица.