Barış Seçkin
17 Април 2020•Ажурирај: 18 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 575 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 22.745, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната одбрана Анџело Борели на прес-конференција ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 106.962 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 172.434.
Тој нагласи дека денес се излекувани 2.563 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 42.727 лица.
Борели информира дека во последните 24 часа починаа уште 575 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 22.745 лица.
Според него, денес се откриени 355 нови случаи со Ковид-19.
Тој рече дека 2.812 лица се наоѓаат на интензивна нега.