Barış Seçkin
21 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
РИМ (АА) - Во Италија се преземени нови мерки со цел спречување на ширењето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на наредбата потпишана од страна на министерот за здравство на оваа земја, Роберто Сперанца, затворен е пристапот до сите паркови низ земјата, и забранети се сите активности на отворено.
Според тоа, се предвидува граѓаните да спортуваат индивидуално само во близина на нивните домови, и треба да се почитува одлуката за поставување растојание меѓу лицата од 1 метар.
Се забранува граѓаните да патуваат во нивните втори домови или во нивните викендички.
Затворени се продавниците кои продаваат храна и пијалаци на железничките станици и покрај езерата, додека отворени ќе останат само продавниците покрај автопатите, во болниците и на аеродромите.
Овие мерки ќе важат до 25 март, а по потреба овој рок може да се продолжи.
Инаку, во Италија како резултат на Ковид-19 досега починаа 4.032 лица.