Bojana Stojanovic
21 Март 2020•Ажурирај: 22 Март 2020
БЕЛГРАД (AA) - Во Србија се потврдени уште 14 случаи на коронавирусот, со што до утрово бројот на заболени се искачи на вкупно 149, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од последниот извештај вчера, до утрово, тестирани се примероци на 38 лица, од кои 14 се позитивни и 24 се негативни на коронавирусот.
Од 14 потврдени случаи од последниот извештај, 9 се хоспитализирани, но без компликации, со добра општа состојба, додека петмина имаат полесна клиничка слика и се наоѓаат во домашни услови.
Исто така до 8:00 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот за вирусологија „Торлак“ тестирани се вкупно 624 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиницијата на случајот.
Во Србија синоќа машко лице (59) од Кикинда кое беше сместено во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад почина од последиците од коронавирусот, но имал и други здравствени потешкотии.