Ekip
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
РИМ
Во Италија денес од последиците на Ковид-19 се регистрирани 382 нови жртви, со што вкупниот број на починати изнесува 27.359. Новиот број на заразени лица е намален, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците од италијанскиот Оддел за цивилна заштита потврдува дека срамнувањето на кривата продолжува, при што италијанските бизниси и граѓаните се подготвуваат за делумно започнување на активностите и намалување на рестриктивните мерки од 4 мај.
Бројката на заразени се намали за 608 лица од вчера, при што сега изнесува 105.205.
Во меѓувреме, бројот на излекуваните е во пораст, при што вкупно изнесува 68.941, а бројот на пациентите на интензивна нега продолжува да опаѓа, намалувајќи го притисокот врз здравствениот систем на Италија.
Епицентарот на епидемијата во Италија останува северниот регион Ломбардија, каде досега од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 13.575 лица, што е повеќе од половина од вкупниот број ма смртни случаи во Италија.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте на прес-конфернцијата во неделата изјави дека градежништвото и производството ќе бидат првите индустриски сектори кои ќе бидат отворени повторно на 4 мај.
Сепак, Конте истакна дека ќе мора да се обезбедат строги протоколи за безбедност и заштита на здравјето на работниците.
Неколку стратешки и извозно ориентирани фирми би можеле да започнат со работа повторно оваа недела, под узлов да добијат дозвола од локалните власти.
Продавниците и музеите ќе треба да почекаат до 18 мај за да ги отворат своите врати, додека Владата има за цел да ги отвори баровите, рестораните, берберниците и фризерски салони на 1 јуни. Училиштата ќе бидат отворени повторно во септември.
Строгите мерки за социјално дистанцирање и понатаму ќе се применуваат, на поединци ќе им биде дозволен премин од една во друга општина, но не меѓу различни региони, освен во случаи на работна обврска.