Seda Sevencan
28 Април 2020•Ажурирај: 29 Април 2020
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денес учествуваше на 7. телеконференција за Меѓународната координативна група формирана како дел од структурата на Г-20 со цел да се зголеми меѓународната солидарност во борбата против пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мевлут Чавушоглу на Твитер напиша дека на состанокот дискутирале за соработката во мултилатералните организации во борбата против Ковид-19 како и поддршката за ранливите земји против пандемијата.
Ковид-19 се прошири во 185 земји и региони, откако за прв пат беше забележан во кинескиот град Вухан минатата година. САД и Европа се најтешко погодени континенти.
Пандемијата во светот досега зеде над 213.200 животи, бројот на дијагностицирани случаи со вирусот изнесува надмина 3 милиони, додека речиси 911,000 заболени оздравеа, покажуваат податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД