Muhammet Nazım Taşcı
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина, забавувањето на ширењето на новиот вид коронавирус доведе до повторно отворање на многу туристички места, што го искористија голем број посетители, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Кинеските медиуми јавуваат дека парковите во Пекинг, кои се отворени на 1 мај, ги посетиле околу 1,7 милиони луѓе, додека туристичките места во Шангај ги посетиле над еден милион луѓе.
Во Кина од 1 мај се отворени парковите и музеите кои беа затворени во рамките на преземените мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Локалните власти повикаа на почитување на мерките за одржување на физичка дистанца и соопштија дека на одредени точки ќе се врши контрола на телесната температура на посетителите, а купувањето билети и резервациите треба да се направат преку интернет.
Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека во земјата во последните 24 часа се потврдени само два случаја на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број заразени се искачи на 82.877.
Во Кина како последица на вирусот Ковид-19 починаа 4.633 лица, а се излекуваа 77.713.