БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 1.319 лица во Бразил, 252 во Мексико, 272 во Аргентина, 199 во Колумбија, 261 во Перу, 33 во Чиле, 31 во Еквадор, 20 во Боливија и 64 во Парагвај.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.319 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 332.752.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 28.645, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 13.013.601.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 11.436.189 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 252 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.247 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 204.399 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.251.705, а досега оздравеа 1.791.894 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според веб-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 272 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 56.471. Во истиот период детектирани се 13.667 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.407.159.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.153.509 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 13. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 199 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 64.293.
Во последното деноноќие детектирани се 10.190 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.456.409. Во оваа земја досега оздравеа 2.325.833 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 261 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.861 новозаразен.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.590.209, од кои починаа 53.138 лица, а оздравеа над 1.509.493 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 33 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 23.677.
Во истиот период регистрирани се нови 5.807 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 1.032.612, а оздравеа вкупно 965.641 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 20 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 458.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 275.392, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.344. Досега оздравеа 225.483 лица позитивни на коронавирусот.
- Еквадор
Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 31 смртен случај, вкупно 16.987 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.096 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 336.777.
Досега во Еквадор оздравеа 290.314 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 64 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, а детектирани се 1.456 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 222.663, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 4.463.
Досега оздравеа 183.552 лица позитивни на коронавирусот.