Faruk Zorlu
16 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Во Мексико регистрирани се уште 439 починати лица од новиот вид коронавирус, Ковид-19, со што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата во земјата достигна 17.580, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа позитивни на вирусот се вкупно 3.427 лица, зголемувајќи го вкупниот број на дијагностицирани случаи на 150.264, соопшти мексиканското Министерство за здравство доцна синоќа.
Мексико го потврди својот прв случај на Ковид-19 на 28 февруари, а првиот смртен случај на 19 март.
Пандемијата досега зеде над 436.000 животи во речиси 200 земји и региони во светот откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, изминатиот декември. Соединетите Американски Држави (САД), Бразил и Русија во моментов се најтешко погодени земји.
Во светот се регистрирани над 8 милиони случаи на вирусот, а досега се излекуваа повеќе од 3,83 милиони луѓе, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.