Faruk Zorlu
19 Јуни 2020•Ажурирај: 20 Јуни 2020
АНКАРА
Во Мексико денеска се регистрирани 667 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 19.747, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 5.662 лица се позитивни на вирусот во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени лица се зголеми на 165.455“, се соопштува од Министерството за здравство.
„Бројот на излекувани пациенти достигна 123.095“, додава Министерството.
Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Мексико беше забележан на 28 февруари, а првиот смртен случај од последиците на заразувањето, на 19 март.
Откако за првпат се појави во Кина во декември минатата година, коронавирусот се прошири во најмалку 200 земји и региони од светот.
САД, Бразил и Русија во моментов се најтешко погодени земји од новиот тип коронавирус.
Од пандемијата починаа повеќе од 453 илјади лица, детектирани се речиси 8,5 милиони потврдени случаи на заразување и над 4,15 милиони оздравени лица.