Safvan Allahverdi
19 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
ВАШИНГТОН
Заменичката на американскиот државен секретар задолжена за законодавни прашања, Мери Елизабет Тејлор, поднесе оставка поради начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп се носи со расистичката напнатост во таа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот весник „Вашингтон пост“ (Washington Post) го објави писмото за оставка на Тејлор која должноста заменик-шеф на Стејт департментот ја извршува од почетокот на мандатот на Трамп.
„Коментарите на претседателот и постапките кои се однесуваат на расните неправди и Афроамериканците остро се спротивставуваат на моите темелни вредности и уверенија. Морам да ја следам мојата совест и да поднесам оставка на функцијата помошник државен секретар за законодавни прашања“, напиша Тејлор во писмото за оставка кое го предаде на шефот на Стејт департментот, Мајк Помпео.
Тејлор воедно беше и првата црномурна дипломатка која ја презеде оваа функција во Стејт департментот, а претходно служеше како помошник-претседател за законодавни прашања во Белата куќа, меѓу 2017 и 2018 година.
Трамп повремено имаше многу бурни и остри реакции на протестите кои започнаа по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд од последиците на полициското насилство.