Ömer Erdem
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
КАРТУМ
На африканскиот континент во изминатите 24 часа се потврдени повеќе од 6.000 нови случаи на заразување, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на интернет-страницата „Worldometer“ за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека на африканскиот континент со Ковид-19 се заразени 171.477 лица.
Податоците покажуваат дека вкупниот број на починати се зголемил на 4.755, додека бројот на излекувани од Ковид-19 достигна 75.280.
Само во последните 24 часа на Ковид-19 се позитивни уште 6.492 лица.
Најмногу случаи на заразување се забележани во Јужноафриканската Република, Египет, Нигерија, Алжир, Мароко, Гана, Камерун и Судан.
Најголем број смртни случаи од последиците на вирусот е регистриран во Египет, каде што починаа 1.126 лица. Следуваат Јужноафриканската Република (848), Алжир (681), Нигерија (315), Судан (314), Мароко (208) и Камерун (203).
Во Еритреја и Сејшели нема активни случаи на Ковид-19, а покрај овие две држави, смртни случаи немаше ни во Уганда, Намбија и Лесото.