Muhammet Kurşun
05 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Иран го потврди потонувањето на транспортниот брод во ирачките води, информирајќи дека во несреќата животот го загубиле двајца морнари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ирански официјален претставник за информативната агенција „Мехр“ изјави дека бродот потонал во 3:00 часот по локално време.
Во изјавата тој наведува дека транспортниот брод тргнал од местото Хуремшехр во покраината Хузестан, кон ирачкото пристаниште Ум ел Каср.
Во несреќата која се случи во близина на Басра, загинаа 2 лица, додека 4 лица се спасени.
Во веста се наведува дека иранските и ирачките спасувачки екипи ја продолжуваат потрагата по останатите членови на екипажот на транспортниот брод.
Иранскиот брод „Бехбехан“, кој за Ирак пренесувал 850 тони керамички материјал, потона од засега непознати причини во текот на ноќта во каналот Хор Абдула, во Персискиот Залив, на југот од Ирак.
Заменик-гувернерот на Басра и поранешен министер за сообраќај, Ѓазим Финџан, претходно изјави дека на бродот се наоѓале 9 лица, од кои 4 се спасени.