Emre Aytekin
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.133 лицa, во Бразил 739, а во Мексико 455, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека од Ковид-19 во земјата починале уште 1.133 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 86.752.
Покрај тоа, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 92.605 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 5.400.619.
Досега во земјата, која има население поголемо од 1,3 милијарди, од Ковид-19 оздравеа 4.303.043 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, заедно со починатите 739 лицa во изминатото деноноќие, вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 136.532 лицa.
Во земјата се откриени 33.057 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи со коронавирусот порасна на 4.528.240.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.820.095.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 455 лица.
Заедно со починатите во последните 24 часа, вкупниот број смртни случаи во земјата се зголеми на 73.258.
Во Мексико се откриени 5.167 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 во земјата се искачи на 694.121.
Досега во земјата оздравеа 496.224 лица претходно заразени со Ковид-19.