Büşra Selvi Öğütcen
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во светот од коронавирусот Ковид-19 оздравеа над 2,3 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажуваат податоци за бројот на заразени, починати и оздравени, во светот од Ковид-19 оздравеле 2.303.369 лица.
Најмногу оздравени лица регистрирани се во Соединетите Американски Држави (САД), каде што се излекувани 451.702 лица. Следуваат Шпанија (196.958), Германија (161.200), Бразил (149.911), Италија (140.479), Турција (118.694), Русија (113.299), Иран (105.801), Кина (78.268) и Франција (64.617).
Новиот вид коронавирус се појави за првпат во кинескиот град Вухан во декември минатата година, а наскоро беше прогласена и пандемија.
Бројот на заразени достигна 5.502.606, а од последиците што ги предизвикува вирусот починаа најмалку 346.761 лице.