Büşra Selvi Öğütcen
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот надмина 5,5 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажани податоците за бројот на заразени, починати и оздравени, во светот позитивни на коронавирусот се 5.502.742 лица
Соединетите Американски Држави (САД) се сè уште најтешко погодени од вирусот, со над 1,6 милиони потврдени случаи.
По САД, најголем број случаи на коронавирусот забележани се во Бразил, 365.213, Русија со 344.481 и Шпанија со 282.852 случаи.
Во Велика Британија регистрирани се 259.559 случаи на Ковид-19, во Италија 229.858, во Франција 182.584, Германија 180.328 и во Турција 156.827.
Вирусот досега е потврден во околу 200 земји и региони. И покрај зголемениот број на заразени, повеќето луѓе покажуваат благи симптоми пред да оздрават.
Во светот од новиот вид коронавирус оздравеа над 2,3 милиони луѓе.