Ekip
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
ОВИЕДО
Поголем дел од Шпанија денес ги ублажи мерките воведени претходните недели поради пандемијата на Ковид-19 во моментите кога оваа земја бележи најмал број на дневни смртни случаи од средината на март, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Шпанија во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 59 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 27.709.
Ова е воедно и втор ден по ред Шпанија да забележи помалку од 100 смртни случаи од оваа болест.
Во изминатите 24 часа се потврдени 285 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени достигна 231.606.
Вонредната состојба, која започна на 14 март, со гласање на парламентот е продолжена до 24 мај.
Во Шпанија на 11 мај започна првата фаза на ублажување на мерките и во рамките на нормализацијата се отворени продавници, богослужби, терасите од кафулињата, ресторани и библиотеки со ограничена услуга.