Şenhan Bolelli
15 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија објави дека поледната недела дена од заразеност со Ковид-19 животот го загубиле 25 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Додека шпанското министерство врши ревизија на досега починатите во земјата од последици на Ковид-19, ги објави корегираните бројки на смртни случаи од изминатата недела.
Министерството за здравство на Шпанија која вчера имаше објавено дека изминатата недела од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 починале 26 лица, денес бројката ја корегираше на 25.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 замрзнат на 7 јуни, беше оставен на 27.136.
Освен тоа, според PCR тестовите, последните 24 часа во оваа земја детектирани се 40 нови лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 244.109
Поголемиот број од новодетектираните случаи се регистрирани во подрачјето на автономните области Мадрид и Каталонија каде пандемијата е најраспространета.
Вонредната состојба во Шпанија воведена поради Ковид-19 е на сила до 21 јуни, а околу 75% од територијата на земјата од денес влегува во последната фаза на нормализација на состојбата.
- Состојбата во Португалија
Владата на Португалија објави дека последните 24 часа 3 лица ги загубиле животите, со што вкупниот број на смртни случаи е зголемен на 1.520.
Последните 24 часа во оваа земја се детектирани 346 лица позитивни на Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на 37.036.
Последната недела дена 90% од новодетектираните случаи потекнуваат од главниот град Лисабон и неговата околина.
Досега од заразеност со новиот тип на коронавирус оздравеле 22.852 лица.