Ali Cura
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 17.176, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 995.319, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 4.993 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 995.319.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 83 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 17.176.
Од коронавирусот оздравеа уште 2.405 лицa. Вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 809.387 лица.
Во Русија во последните 24 часа направени се 259.000 тестирања за Ковид-19, додека вкупно од почетокот на епидемијата реализирани се 36.600.000 тестирања.