Ali Cura
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија се детектирани 1.030.690 лица позитивни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека бројката на смртни случаи во оваа земја се искачи на 17.871, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во земјата детектирани се 5.185 новозаразени лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 1.030.690.
Во последното деноноќие во Русија починаа 51 лице како последица на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на починати на 17.871. Во истиот период оздравеа 2.828, вкупно 843.277 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Со падот на бројката на детектирани лица заразени со коронавирус, во голем дел на Русија намалени се превентивните мерки против ширењето на пандемијата на Ковид-19, но во затворени простори и во средини со голем број присутни задолжително е носење маски и ракавици.
На 1 септември во Русија започна новата учебна година, но во училиштата не е задолжително носењето маски и одржувањето социјална дистанца.