Talha Yavuz
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
КИЕВ (АА) - Во источниот дел на Украина, во подрачјето на Донбас, проруските сепаратисти изведоа напади во кои животот го загуби украински војник, а еден војник е ранет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за заеднички операции на Украинските вооружени сили даде писмено соопштение во кое информира дека во подрачјето на Донбас, проруските сепаратисти го прекршиле примирјето донесено на 22 јули.
Во соопштението се истакнува дека во околината на Причепиловкина, во регионот Луганск, во подрачјето на Донбас проруските сепаратисти извршиле напад во кој животот го загуби украински војник, додека во околината на Краснохоривка во подрачјето на Донбас ранет е еден украински војник кој е префрлен во болница.
Во врска со решавањето на кризата во подрачјето на Донбас формирана е тројна група, во чиј состав учествуваат Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што донесе одлука за сеопфатен договор за прекин на огнот, кој стапи во сила на 27 јули.
Судирите меѓу проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во подрачјето на Донбас, и власта од Киев траат од 2014 година.