Bayram Altuğ
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ЊУЈОРК (AA) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (WHO) Тедрос Аданом Гебрејесус ја пофали солидарноста која ја покажува Турција во време на борба против пандемијата на коронавирусот Ковид-19, порачувајќи дека Турција на тој план би требада да биде земја пример за целиот свет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гебрејесус се огласи преку својот официјален Твитер профил и искажа пофалби за Турција во контекст на борбата против Ковид-19.
„Солидарноста која ја покажува Турција во однос на прашањето на Ковид-19 би требала да биде пример за целиот свет", порача Гебрејесус и додаде:
„Му честитам на претседателот Ердоган поради поддршката на соседните и другите земји во борбата против Ковид-19."
Од СЗО исто така порачаа дека ниту една земја не е поискусна од Турција во смисла на природни катастрофи.
„Турција секогаш пружала рака на помош, така ја пружа и денес", порачано е од Светската здравствена организација.