Michael Gabriel Hernandez
11 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Бројот на починатите од последиците на заразувањето со коронавирусот Ковид-19 во Соединетите Американски Држави надмина 18.000, со речиси 490.000 заразени, покажаа податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс", јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на американскиот универзитет, во САД досега од Ковид-19 починале 18.002 лица, а заразени се 486.490.
Од коронавирусот до денес се опоравија вкупно 27.565 лица ширум земјата.
САД моментално е земја со највисок број инфекции со коронавирусот во светот, додека Италија има највеќе смртни случаи, вупно 18.849.
Податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс" покажуваат дека досега во светот се забележани 1.673.423 случаи на заразување, со 101.526 починати и 371.637 излекувани.