Sena Güler
24 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ЕДРЕНЕ
Најважната предност на Турција во борбата против пандемијата на Ковид-19, кој одзеде илјадници животи во светот, е силната здравствена инфраструктура, изјави турски експерт.
„Од првиот случај [во Турција] до денес, се гледа дека силната здравствена армија и инфраструктурата на нашата земја работеа ефикасно и се приспособија со брзото менување на ситуациите“, изјави за АА Седат Устундаг, декан на Факултетот за здравствени науки на Универзитетот „Тракија“.
Тој рече дека напорите против вирусот во земјата се спроведуваат на систематски начин под раководство на Министерството за здравство и Научниот советодавен совет за Ковид-19 за да се намалат неговите ефекти врз јавното здравство.
Устандаг истакна дека Турција презема примерни мерки против вирусот Ковид-19 и рече дека податоците покажуваат успех во борбата.
„Всушност, нашиот здравствен систем имаше интензивен обем на работа и работна сила, затоа сме во една од најпознатите поволности во поглед на придржувањето кон новата ситуација“, рече тој.
- Следете ги предлозите на Министерството за здравство
Експертот рече дека сите здравствени работници ја извршуваат својата должност со голема посветеност, наведувајќи го трендот за намалување на стапката на пораст кај случаите на Ковид-19 и смртните случаи.
Устандаг истакна дека во наредните денови ситуацијата зависи од тоа во која мерка народот ќе ги применува правилата за изолација.
Тој ги советуваше луѓето строго да ги следат предлозите на Министерството за здравство.
„Видовме дека е од големо значење секој поединец да ги знае и применува правилата за да ја спречи пандемијата“, рече тој, додавајќи дека од деца до стари лица, сите треба да бидат обучени за можни идни ситуации како што се оваа.
Во Турција се регистрирани 101.790 случаи на Ковид-19, со 2.491 починат и 18.491 излекувано лице.