Sefa Mutlu
31 Март 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган одржа телефонска средба со претседателот на САД Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Министерството за комуникации на Турција се истакнува дека на средбата, покрај билатералните прашања станало збор и за регионалниот разој на настаните и пандемијата на новиот тип на коронавирусот кој е активен во светот.
Двајцата лидери се согласни дека борбата против пандемијата на новиот тип на коронавирус може да биде ефикасна само доколку постои глобална солидарност и соработка, додавајќи дека се одлучни во преземањето на неопходните чекори за споделување на најдобрите практики, податоци и искуства со цел да се преземе контролата врз разните ефекти на пандемијата.