Dildar Baykan
27 Март 2020•Ажурирај: 28 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, оствари телефонски разговор со претседателот на Кина, Ши Џинпинг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Белата Куќа.
Во соопштението се наведува дека двајцата лидери во телефонскиот разговор реализиран синоќа ги повториле нивните ветувања во насока на соработката за заштита на човечките животи и средствата за живот.
Според соопштението, Трамп и Си се согласија дека треба да се соработува со цел спречување на коронавирусот, како и повторно обезбедување на глобалното здравје и спокојство.