Tanju Özkaya
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турски воен авион со медицинска помош, која ќе се користи во борбата против Ковид-19, пристигна во Италија, соопшти Министерството за одбрана на Република Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Авионот на Турските вооружени сили со медицинска помош, кој во рамките на борбата против Ковид-19 е испратен во Италија, слета во градот Рим“, се наведува во соопштението на Министерството објавено на Твитер.
Турското Министерство, во рамките на борбата против Ковид-19, во Шпанија и Италија испрати помош во медицинска опрема која се состои од маски, заштитна облека, антибактериска течност, произведени во локални и национални капацитети.