Esin Işık
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 125.963, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 36.155 тестирања за Ковид-19, од кои 1.141 лице е позитивно на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 28 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.594 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.964.364 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 162.120 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.489 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 662 лица, 324 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 125.963 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Зголемен е бројот на изврени тестирања, а намален е бројот на нови случаи. Продолжува падот и во бројката на лицата кои се наоѓаат во интензивна нега, и во бројката на интубирани пациенти. Наредните денови зависат од вниманието на хигиената на рацете, како и на почитувањето на правилата на носење маски и социјална дистанца. Да го избегнеме ризикот преку контролиран социјален живот“, напиша Коџа.