Zehra Aydın Turapoğlu
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 147.860, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 49.190 тестирања за Ковид-19, од кои 987 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 17 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.021 пациент.
Во Турција се извршени вкупно 2.500.890 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 174.023 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.763 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 643 лица, 266 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 147.860 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Бројот на направени тестирања достигна 2,5 милиони, додека 85 отсто од случаите се излекувани. Вирусот добива моќ од погрешен оптимизам“, напиша Коџа, нагласувајќи дека не треба да се напуштат мерките со заблуда дека вирусот го изгуби своето влијание.