Şenhan Bolelli
11 Јуни 2020•Ажурирај: 12 Јуни 2020
МАДРИД
Во Шпаниja веќе четири дена не се регистрирани смртни случаи предизвикани од новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на оваа земја ги ажурираше податоците на смртните и откриените случаи со Ковид-19.
Ова министерство веќе две недели ги ревизира претходните податоци во врска со Ковид-19, и со променети критеруми неделно го ажурира бројот на смртните случаи.
Шпанското Министерство за здравство не објави ниту еден нов смртен случај за последните четири дена.
Според ажурираните податоци, бројот на починати поради Ковид-19 не е променет, односно изнесува 27.136, додека во псоледната недела починале 32 лица.
Според теситрањата направени со методата „ПЦР“, во последните 24 часа откриени се 156 случаи, со што вкупниот број на откриени случаи се зголеми на 242.707.